Руни: Сите сме му љубоморни на Роналдо, само еден фудбалер не му е љубоморен

by
1 минути читање

Вејн Руни во
понеделникот го советуваше Манчестер јунајтед да се ослободи од Кристијано
Роналдо и да се фокусира на млади и „гладни“ играчи. Коментарите не му се
допаднаа многу на ЦР7, кој му порача на Англичанецот дека е љубоморен.

Тренерот на Дерби
сега реши да се помајтапи и порача дека сите му се љубоморни на Кристијано
Роналдо, само Лео Меси не е.

„Видов што пишал.
Би рекол дека нема фудбалер на планетава кој не му е љубоморен на Кристијано поради
кариерата која ја има, трофеите кои ги освои, парите кои ги заработи…
стомачните мускули и телото! Сите фудбалери, освен Лео Меси, му се љубоморни на
Кристијано“
– вели Руни со насмевка на лицето.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×