Руни: Не можам да го замислам Роналдо во Манчестер Сити, јас никогаш не би играл за нив или Ливерпул

by
1 минути читање

Кристијано Роналдо ќе ги разочара навивачите на Манчестер јунајтед, наскоро се очекува да стави потпис на договор со нивниот градски ривал, Сити.

Вејн Руни не сака да верува дека тоа ќе се случи, но вели дека фудбалот овие денови е таков.

„Мислам дека Кристијано има оставено многу во Манчестер јунајтед и знам колку горд фудбалер и личност е. Не можам да замислам дека ќе оди во Сити, но ова е фудбал и никогаш не знаете“, вели Руни.

„Мислам дека треба да го правите она што е добро за вас и вашата фамилија“.

„Сите знаат дека јас не би можел да играм за Ливерпул или Манчестер Сити. Тоа е јасно, но секој е различен“.

„Можеби луѓето поради финансии и лимитирани опции одат на некои места на кои не би помислиле дека ќе одат. Но за мене тоа не би било опција“.

„Мислам дека трансферот на Роналдо нема врска со некакви финансии“.

Се очекува Роналдо во Манчестер Сити да има речиси двојно помала плата од таа што ја добива во Јувентус, но целта на Португалецот да освои уште неколку големи трофеи пред да се пресели во МЛС каде планира да ја заврши кариерата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×