Вејн Руни го
советува Манчестер јунајтед да повлече голем потег и да се ослободи од
Кристијано Роналдо и Пол Погба.
„Мислам дека е
подобро Погба да замине, да си најде нов клуб. Доколку Пол е искрен со самиот
себе, знае дека не ја направи разликата што сакаше да ја направи кога се врати
во Манчестер јунајтед“ – вели поранешниот напаѓач на „ѓаволите“.
„Го гледам во
дресот на Франција и тој е сосема различен фудбалер таму. Во репрезентацијата
секогаш покажува што умее, каква визија и контрола на натпреварот има. Во
Манчестер јунајтед не се снајде“.
Запрашан дали Кристијано
Роналдо ја направил разликата која се очекувала, тој додава: „За жал во овој
момент ќе кажам НЕ“.
„Постигна важни
голови во Лигата на шампиони и Премиерлигата, постигна хет-трик против Тотнем,
но мислам доколку размислувате за иднината на клубот, морате да одите со млади
и „гладни“ за успех играчи кои ќе го подигнат нивото на игра во следните
две-три години“.
„Кристијано не е
играчот кој беше пред десетина година. Да, тој секогаш е опасност по
противничкиот гол, но во останатиот дел од мечот, потребно е повеќе. Како што
реков, потребни се млади и „гладни“ играчи“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.