„Ѓаволите“ се во
голема резултатска криза, освоија само еден бод на последните четири натпревари
во Премиерлигата. Капак на се е тешкиот пораз од лутиот ривал Ливерпул, кој
славеше со 0-5 и ја забележа најголемата победа на Олд Трафорд во својата
историја.
Многумина прстот го
вперија во Оле Гунар Солшер и бараат стратегот да добие отказ, но Вејн Руни
смета дека и фудбалерите треба да понесат дел од одговорноста.
„Гледам дека
многу играчи не сакаат да трчаат назад, не сакаат да се бранат и не сакаат да
изгинат на теренот за победа. Ова е неприфатливо. Тие заработуваат многу пари,
па треба да се запрашаат, дали целата вина треба да ја сноси само тренерот?
Мислам дека не си ја вршат работата доволно добро“ – вели поранешниот фудбалер
на Манчестер јунајтед.
„Исто така, не
гледам дeка ги боли кога губат“.