Рудигер се извини за хаосот кој го направи: Жал ми е, нема оправдување…

by 24 фудбал
1 минути читање

Антонио Рудигер беше во центарот на вниманието на завршницата од финалето во Купот на кралот, во кое Барселона го победи Реал Мадрид со 3-2. Германскиот дефанзивец беше заменет во 111. минута, а хаосот избувна во последните моменти на мечот.

Рудигер покажа големо незадоволство кон судијата, фрлал предмети кон теренот и се заканувал со физички пресметки.

Дефинитивно нема оправдување за моето однесување во финалето. Навистина ми е жал за тоа што се случи. Одигравме добро во второто полувреме. Јас повеќе немав како да му помогнам на тимот по 111 минута до крајот откако бев заменет и направив грешка. Уште еднаш сакам да му се извинам на судијата и на сите кои ги разочарав вчера вечер“, напиша Рудигер.

Неговото извинување, сепак, не гарантира олеснување од санкциите. Според проценките, може да добие казна од 4 до 12 натпревари, а с оглед на неговото бурно однесување, казната би можела да биде значително поголема.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани