Рудигер останува суспендиран откако му ја одбија жалбата на Реал!

by 24 фудбал
1 минути читање

Одборот за жалби на Шпанската фудбалска федерација ја одби жалбата на Реал Мадрид за казната на Антонио Рудигер, кој ќе мора да паузира шест натпревари по инцидентот на финалето од Купот на кралот.

Немачкиот репрезентативец избувна на судијата Рикардо де Бургос Бенгоечеа на мечот одигран на 26 април, при што мораа дури пет члена од стручниот штаб на Реал да го задржуваат за да не дојде до физички напад. Рудигер, видно изнервиран, фрли и коцка мраз кон судијата и доби директен црвен картон, по што следуваше и шест меча суспензија.

Ден по инцидентот, Рудигер се огласи на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) со јавна извинување: „Нема никакво оправдување за моето однесување. Искрено жалам“, напиша Германецот.

Инцидентот доаѓа како кулминација на незадоволството во редовите на Реал по уште една сезона без трофеј – тимот на Анчелоти остана зад Барселона во Ла Лига, ги загуби од нив и во финалето на Купот, а од Лигата на шампиони беше елиминиран од Арсенал во четвртфиналето.

Следната сезона ќе донесе ново поглавје за „кралскиот клуб“, бидејќи на местото на Анчелоти ќе седне Чаби Алонсо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани