Рудигер опериран, Реал Мадрид потврди колку ќе паузира

by Стефан
1 минути читање

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, успешно беше подложен на операција поради делумно скинат надворешен менискус на левото колено, соопшти шпанскиот клуб. За 32-годишниот германски репрезентативец сезоната е завршена, со оглед на тоа што неговото враќање на теренот се очекува дури за околу два месеци.

Рудигер, кој важи за незаменлив член на одбраната на „кралскиот клуб“, евентуално би можел да се врати за втората фаза од Светското клупско првенство кое започнува во средината на јуни и трае до средината на јули.

Овој развој на настаните е сериозен удар за Реал Мадрид, кој пет кола пред крајот на Ла Лига се наоѓа во тесна трка за титулата со водечката Барселона, која има четири бода предност. Големото дерби, Ел Класико, што треба да се одигра во Барселона, може да биде одлучувачко за шампионската трка, но Реал ќе мора да се соочи со каталонскиот ривал без својот столб во одбраната, кој се повреди токму против Барселона во финалето од Купот на Шпанија.

Рудигер мораше да биде заменет во продолженијата од финалето на Купот на кралот, по што веднаш беше опериран.

Фото: Real Madrid C.F

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани