Ротен смета дека Мбапе има проблем со своето его

by
1 минути читање

Поранешната
ѕвезда на ПСЖ, Жером Ротен го критикуваше францускиот репрезентативец Килијан
Мбапе за неговите перформанси, но и однос на теренот за време на Европското
првенство.

Ротен верува дека
егото на 22 годишниот Мбапе дошло до израз, а сето тоа влијаело на неговите
досегашни перформанси на европскиот турнир, кој генерално не се за пофалба.

Нема проблем во
тоа Мбапе да е лидер на теренот, меѓутоа фактот што сето тоа ја надминува
границата вон теренот, тоа ме загрижува
“ рече Ротен за „РМЦ Спорт“, кој смета
дека селекторот на „Триколорите“, Дидје Дешам и дозволува многу на младата
ѕвезда.

Неверојатно е
тоа што му дозволува на Мбапе да прави толку многу работи, но и да не биде
целосно фокусиран на натпреварите
“ додаде тој.

Дали тој знае
дека тој ја нема потребната способност како некои други во тимот, кога говориме
за тешките ситуации? Дали паметите некогаш тој да погоди од слободен удар од 25
метри? Не, но јас се сеќавам на такво нешто од Гризман, или од Погба, ако е
така, зошто тој ја презема таа улога?
“ праша Ротен. 

Селекцијата на Франција во осминафиналето од европскиот турнир силите ќе ги одмери со Швајцарија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×