Ростов го испрати Тошевски на позајмица во Тамбов

by
1 минути читање

19 годишниот Давид Тошевски минатото лето се пресели во Ростов од редовите на Работнички во трансфер вреден околу 1 милион евра но до овој момент забележа само скромни шест настапи во првенството на Русија, сите од клупата за резерви и без постигнат гол. Па во потрага на поголема минутажа, „жолто-сините“ го испратија Македонецот на позајмица во Тамбов.

„Давид Тошевски ќе ја продолжи сезоната во Тамбов. Постигнат е договор за позајмица до крајот на сезоната. Му посакуваме на Давид успешни настапи“ – гласеше известувањето.

Тамбов во моментов е на последното место на табелата и се соочува со сериозни финансиски проблеми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани