„Роналдоманија“ во режија на Лингард во репрезентацијата на Англија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо се врати на Островот, односно во старото јато во Манчестер јунајтед, па
јасно е дека трансферот на Португалецот предизвика големо внимание

Дека еуфоријата е
голема потврди и репрезентативецот на Англија, Џеси Лингард кој својот гол против
Андора во синоќешната победа на „Гордиот албион“ од 4-0 ја прослави во стилот
на Роналдо.


28 годишниот Лингард ланската полусезона во целост ја одбележи во дресот на Вест Хем каде играше на позајмица, а имаше фантастични перформанси, па останува отворено прашањето колку ќе има прилика за докажување сезонава во Манчестер јунајтед, клубот со кој има активен договор до идното лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×