Првата ѕвезда на
италијанскиот првак Јувентус, Кристијано Роналдо е вон комбинација за настап на
утрешното гостувањето кај Аталанта, потврди тренерот на „Старата дама“, Андреа
Пирло, а од првата минута ќе стартува Пауло Дибала.
„Имаме едно важно
отсуство во тимот, Кристијано нема да биде дел од натпреварот поради повреда,
би било голем ризик за нас да го вметнеме во тимот за мечот во Бергамо“ рече
Пирлог.
„Се надеваме дека
ќе се врати за мечот во среда“ додаде предводникот на Јувентус, алудирајќи дека
постои можност Португалецот да биде во комбинација за настап против Парма на
домашен терен.
Пирло меѓу
другото, потврди и дека Дибала ќе почне од првата минута на гостувањето кај
Аталанта, меч кој сигурно е од големо значење за обете екипи.
Јувентус е на
третото место на табелата со досега освоени 62 бода, следи Аталанта со бод
помалку, односно Наполи со 59 бода.