Роналдо внимава и на најситниот детал, крампони инспирирани од рагби за да биде уште побрз

by
1 минути читање

Медиумите од
Италија синоќа пишуваа за посветеноста на 35 годишниот шампион, кој дошол на
тренинг четири часа пред другите. ЦР7 сега одново е во фокусот, Тутоспорт открива
за новитет во опремата која ја користи Кристијано Роналдо.

Португалецот
тренинра со копачки на кои има специјално изработени крампони, решението е
инспирирано од рагби. Новите крампони трба да му овозможат подобар „грип“ со тревата
и поголема брзина во спринтовите.

Напаѓачот на
Монпеље, Енди Делор веќе користи вакви крампони и во февруари постави нов
рекорд во Лига 1 откако постигна максимална брзина од 36.8 км/ч.

Очигледно
Кристијано Роналдо е свесен за ова, сака напредок без разлика колку тој е мал,
особено што брзината е една од неговите најсилни страни.

Изминативе години
тој во неколку наврати соработуваше со спринтерот Франсис Обиквелу
и добиваше совети и
напатствија како да ја подобри експлозивноста.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×