92
Кристијано Роналдо во 93. минута ќе и донесеше победа на Португалија против Србија доколку постоеше технологија во квалификациите за СП, но судиите не видоа дека топката со цел обем ја помина гол линијата.
Роналдо беше гневен, ја фрли капитенската лента и брзо влезе во соблекувалната.
„Тоа што сум капитен на португалската репрезентација е една од моите најголеми гордости и привилегии во животот. Секогаш давам и ќе давам се за мојата земја, тоа нема да се промени. Но има тешки периоди за справување особено кога ќе почувствуваш дека целата нација е оштетена. Главата горе и поглед кон следниот предизвик. Напред Португалија!“, напиша Роналдо.