Роналдо стана најдобар стрелец на сите времиња и на неверојатен начин донесе победа на Португалија! (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Пред овој натпревар Роналдо беше изедначен со Али Даеи од Иран со по 109 голови за репрезентација, вечерва постигна два погодоци и со 111 голови стана најдобриот стрелец на сите времиња за една национална селекција.

Роналдо можеше да донесе водство за Португалија уште во 15. минута, но промаши пенал, а пред крајот на првото полувреме Ирците поведоа со гол на Еган.

Се чинеше дека Португалија е блиску до кикс, но тогаш на сцена стапи Роналдо. Најпрво во 89. минута израмни на 1-1, а потоа во 96. минута постигна гол за комплетен пресврт и победа од 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×