205
Роналдо поради повреда го пропушти големото дерби против Манчестер Сити, но имаше и гласини дека не играл поради несогласување со Рангник кој сакал да го седне на клупата за тој дуел.
Неизвесно беше дали Роналдо ќе игра против Тотнем утре, Португалецот сега преку социјалните медиуми ги реши сите дилеми.
Тој објави фотографија со кренат палец што асоцира на тоа дека е подготвен, и напиша: „Се гледаме утре на Олд Трафорд“.