Роналдо сепак има шанси за настап против Меси и Барселона

by
1 минути читање

Попладнево беше
објавено дека Кристијано Роналдо и понатаму е позитивен на коронавирус, па тоа
значи дека нема да игра против Лео Меси и Барселона во Лигата на шампиони.
Според правилата на УЕФА, потребен му е негативен тест на седум дена пред
мечот.

Сепак, голем број
на извори пренесуваат дека има отстапки и дека е доволен и негативен тест на
ковид-19 на 48 часа пред мечот.

Како пример се
посочува случајот со дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони кој настапи
против Борусија Менхенгладбах и покрај тоа што негативниот тест не беше на 7 дена пред мечот.

Според АС, Јувентус
може да побара и посебна дозвола од УЕФА за Кристијано Роналдо да настапи со
негативен ПЦР тест на 24 часа пред натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани