Кристијано
Роналдо би можел да се врати во редовите на Манчестер јунајтед претстојниот
летен преоден рок, како дел од договор за трампа со Јувентус, каде би можел да
се врати Пол Погба, наведува „Газета дело Спорт“.
И покрај тоа што
„Старата дама“ обезбеди место во Лигата на шампионите за идната сезона,
иднината на Роналдо во тој клуб се уште не е позната, а се верува дека клубот
од Торино е отворен за договор во вид на трампа со клубот од Манчестер.
„Газета дело
Спорт“ тврди дека обајцата фудбалери би можеле да се вратат во своите поранешни
клубови, а Роналдо за да го стори тоа ќе мора да прифати и пониска плата од таа
што ја заработува во Јувентус, но од друга страна пак, Манчестер јунајтед дури
и би побарал одредена сума на обештетување.
Се верува дека
старо-новиот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри не ја исклучува можноста
за ослободување на Роналдо пред стартот на новата сезона, а Манчестер јунајтед
и ПСЖ се обата клуба кои се заинтересирани за неговите услуги.
Што се однесува
пак до Погба, неговиот постар брат Матијас, пред самото финале во Лига Европа
кое „Црвените ѓаволи“ го загубија од Виљареал на пенали, наведе дека веднаш по
тој натпревар ќе може да се зборува за иднината на фудбалерот, а во изјавата за
тв шоуто „Ел Чирингито“ изрази надеж дека тој ќе се пресели во Барселона.