104
Веднаш откако доби позитивен тест во Португалија, брзо се врати во Торино каде што е самоизолиран. Роналдо се надеваше дека навреме ќе добие негативен тест за да настапи против Барса, но тоа не се случи.
Италијанските медиуми пишуваат дека Роналдо се уште е позитивен на ковид-19, а тоа значи дека нема да може да игра против Барселона.
Правилата на УЕФА велат дека фудбалерот мора да е седум дена негативен пред натпревар во Лигата на шампионите, а мечот меѓу Јувентус и Барселона се игра за шест дена.