Шефот на
стручниот штаб на Јувентус, Андреа Пирло потврди дека Кристијано Роналдо се
здоби со повреда на глезенот во ремито против Лацио во рамките на 7 коло од
италијанската Серија А.
Роналдо му донесе
водство на својот тим во 19. минута, меѓутоа во 76. минута беше повлечен од
игра, а на негово место влезе Дибала.
„Роналдо е мошне
важен играч за нас, и не само за нас туку и за останатите во кои играше
претходно, за жал тој се здоби со повреда на глезенот денеска и беше приморан
да го напушти теренот“ потврди Пирло по мечот.
Роналдо постигна
шест погодоци досега во новата сезона од Серија А, а притоа има и една
асистенција, инаку е повикан и за португалската национална селекција за
интернационалната пауза која претстои.