Роналдо: Се потсетив зошто Олд Трафорд е познат како „Театар на соништата“ (ФОТО)

by
1 минути читање

Роналдо имаше фантастично деби, постигна два гола, а Манчестер јунајтед го победи Њукасл со 4-1.

„Моето враќање на Олд Трафорд беше само мало потсетување за тоа зошто овој стадион е познат како „Театар на соништата“. За мене отсекогаш било магично место каде што можеш да постигнеш се што ќе замислиш“, пишува Роналдо на социјалните мрежи.

„Заедно со сите мои соиграчи и со неверојатната поддршка која секогаш ја имаме од трибините, се соочуваме со патот пред нас со самодоверба и оптимизам дека сите заедно на крајот ќе славиме“.

„Горд сум што повторно сум во Манчестер јунајтед и играм во Премиерлигата уште еднаш, но пред се, среќен сум да му помагам на тимот“.

„Ајде ѓаволи!“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×