Португалецот
минатото лето направи спектакуларен кам-бек на Олд Трафорд, на индивидуално
ниво имаше солидна сезона, но на тимско прилично разочарувачка. Манчестер
јунајтед не избори пласман во Лигата на шампиони и сезоната ја заврши со дури
35 бода помалку од шампионот и лут градски ривал, Манчестер Сити.
Ерик тен Хаг ова
лето пристигна по кошмарот со Ралф Рангник, се најавува нов проект, но
Кристијано Роналдо има многу прашалници и размислува за заминување.
ЦР7 е загрижен од
случувањата во моментов, односно тоа што ривалите прилично добро се засилуваат,
Манчестер Сити го донесе Ерлинг Халанд и мерка уште неколку квалитетни играчи а Ливерпул го купи Дарвин Нуњез помеѓу
другите, додека пак „ѓаволите“ се прилично пасивни и не донесоа ниту едно ново име.
Кристијано
Роналдо бара засилувања и тим со кој ќе може да се бори за титули, па следниот
месец-два, ќе покажат дали раководството ќе успее да склопи состав за високи
дострели.