Роналдо сакал-нејќел ќе мора да се врати во Мадрид, на 14. јануари треба да се појави на суд?!

by
3 минути читање

Беше најавено
дека Португалецот изминатиов викенд ќе се врати во Мадрид за прв пат по
трансферот на Јувентус за да го гледа мечот пмеѓу Ривер и Бока, па иако
половина тим на „Старата Дама“ беше во ложата на Бернабеу, од ЦР7 немаше ни
трага ни глас. Но на почетокот од следната година големи се шансите тој да се
врати во престолнината на Шпанија за конечно да раскрсти со судскиот процес кој
се води против него.

Португалецот е
обвинет дека помеѓу 2011 и 2014 уредно не ги пријавил приходите од имиџ правата,
па затаил данок во вредност од 14,7 милиони евра. Фудбалерот
категорично го негираше ова, но за да не ризикува ништо, Кристијано Роналдо се
спогоди со даночните власти, прифати затворска казна од две години и парична
казна од 18,8 милиони евра.

ЦР7 веќе ја има
исплатено оваа сума, но за целата постапка да биде финализирана, тој мора да се
појави пред судија. Според пишувањата на АС, судот од Мадрид го поканил
фудбалерот на Јувентус да се појави на рочиште на 14. јануари 2019. Кристијано
Роналдо ќе треба да се изјасни виновен по четири точки од обвинението и да
прифати затворска казна од две години, која никогаш нема да ја одлежи бидејќи
се работи за прв прекршок.

Весникот исто
така пренесува дека нодамна уште еден Португалец и поранешен играч на Реал
Мадрид имал слични обврски. Се работи за Фабио Коентрао, кој бил застапуван од
адвокатот Хосе Антонио Чоклан, кој исто така е задолжен и за процесот на
Кристијано Роналдо.

За случајот на
левиот бек, Чоклан издејствувал Коентрао да не се појави лично во судот, туку
преку видео конференција да даде исказ. Адвокатот се обидува и Кристијано
Роналдо да го стори истото, напаѓачот преферира да не се врати во Мадрид и од далеку
да стави крај на процесот. Конечната одлука треба да ја донесе судијата.

АС на крај додава
дека Чоклан неодамна се обидел криминалното досие на Кристиајно Роналдо да
биде избришано со парична глоба од 375.000, но барањето му било одбиено.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани