628
Договорот на Роналдо со Јувентус истекува во јуни 2022, се шпекулираше дека тој ќе замине по крајот на оваа сезона, но директорите на клубот ги негираа тие информации.
Последните информации велат дека Роналдо ќе го испочитува договорот до крај, сака да помогне Јувентус да биде посилен, но смета дека за тоа ќе бидат потребни барем две засилувања.
Тој сака еден напаѓач, сличен на Карим Бензема, и играч од средниот ред кој ќе може да креира шанси.
Роналдо планира да седне со раководството на клубот и да му ги каже своите замисли.