Кристијано
Роналдо уверува дека приказната е далеку од готова откако 36 годишниот
Португалец го сруши рекордот на легендарниот Пеле по бројот на постигнати
погодоци, откако тоа го стори по хет-трикот против Каљари.
Португалецот со
тоа ја надмина бројката од 770 постигнати погодоци во својата кариера, па иако
одби да даде интервју за „Скај Спорт Италија“ по мечот, испрати порака на
социјалните мрежи.
„Претходните
неколку седмици беа полни со вести и статистики кои ме сметаа за најдобар
стрелец во историјата на фудбалот, со надминување на 757 официјални погодоци на
Пеле, иако сум благодарен на тоа признание, сега е моментот кога треба да
објаснам зошто не го признавав тој момент до овој момент“ пишува Роналдо во својата објава, а притоа објаснува зошто не се одзвал со коментар претходно.
„Јас сум голем
обожовател на господинот Едсон Арантес до Насименто (Пеле), имам огромна почит
кон него, особено за тоа што успеал да го постигне во средината на 20 век во
светот на фудбалот, тоа ме донесе до моментот да ги земам во предвид неговите
767 погодоци, сметајќи и на 9 погодоци за локалниот тим на Сао Паоло, како и
неговиот гол во дресот на тимот на бразилската армија, а додадено со неговите
официјални погодоци“ објасни Португалецот.
„Светот се
промени од тогаш па наваму, истото важи и за фудбалот, но ова не значи дека
можеме да ја избришеме историјата, денеска јас надминав бројка од 770 погодоци
во мојата професионална кариера, а првите мои зборови се однесуваат на Пеле,
нема фудбалер во светот кој не слушнал интересни приказни за неговите
натпревари, погодоци и достигнувања, јас не сум исклучок“ додаде тој.
„Ова достигнување
е надминување и на моите соништа додека растев како дете од Мадеира, им се
заблагодарувам на сите кои беа дел од моето неверојатно патување, а до моите
соиграчи, моите противници, фанови ширум светот, како и моето семејство и
пријателите: Верувајте ми
кога ќе кажам дека немаше да успеам без вас. Верувајте ми, оваа приказна е
далеку од готова“ подвлече Роналдо.