Оле Гунар Солшер е под притиск, Манчестер јунајтед се мачи со формата на почетокот од сезоната, „ѓаволите“ имаат само еден бод од последните три меча во Премиерлигата.
Се говори дека раководството има доверба во Норвежанецот и во моментов не размислува за отказ, но работите можат да се променат доколку формата не се подигне во следниот период.
Кристијано Роналдо на ум веќе има наследник на Оле Гунар Солшер и го препорачал Зинедин Зидан.
Се шпекулира дека Манчестер јунајтед за време на паузата за репрезентативни настапи стапил во контакт со Французинот и се распрашувал за можноста да седне на клупата на Олд Трафорд.
Зинедин Зидан претходно се поврзуваше со Њукасл, но извештаите велеа дека стратегот ги одбил милионите на Арапите бидејќи има други планови и преферира да го превзеде кормилото на Франција или Јувентус.