Роналдо прави големо предавство и ќе игра против Реал Мадрид на Светското клупско првенство?!

by bojan
1 минути читање

Новинарот Санти Ауна објави дека Кристијано Роналдо има понуда да се пресели во Ал Хилал, лутиот градски ривал на Ал Наср, доколку Португалецот го прифати предлогот, ќе игра против Реал Мадрид на Светското клупско првенство.

Кристијано Роналдо синоќа излезе со криптични коментари, со кои порача дека едно поглавје е завршено, но неговата историја ќе продолжи да се испишува.

Договорот на Португалецот со Ал Наср завршува на 30. јуни, па многумина сметаат дека тој ќе го напушти клубот, а има и такви кои вруваат дека Португалецот ќе ја напушти и Саудиска Арабија.

Како што пренесува новинарот Санти Ауна, во моментов Кристијано Роналдо има две понуди на маса.

Првата е од Ал Наср за продолжување на соработката, додека втората е Ал Хилал, кој е во потрага на нова мега ѕвезда по разделбата со Нејмар.

Доколку Кристијано Роналдо се реши за преселба во Ал Хилал, тоа ќе биде големо предавство со оглед на тоа дека ќе оди во редовите на лутиот градски ривал на Ал Наср.

Преселба во Ал Хилал на ЦР7 ќе му донесе и пресметка против Реал Мадрид на Светското клупско првенство, двата клуба ќе се сретнат на 18. јуни во првото коло.

ФОТО: X/Al Nassr

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани