Роналдо открива како од Барса се преселил во Интер: Си подадовме рака за нов договор, но четири дена подоцна…

by
1 минути читање

Роналдо својата најголема промоција ја направи во Барселона иако таму одигра само една сезона, потоа како мега ѕвезда се пресели во Интер за кој играше од 1997 до 2002 година од каде премина во Реал Мадрид.

Тој одигра 99 натпревари за Интер и постигна 59 голови, но во тој период имаше две сериозни повреди на коленото кои го оневозможија да одигра повеќе мечеви.

Роналдо сега објаснува како од Барселона преминал во Интер.

„Се договоривме за продолжување на актуелниот договор со Барселона, но четири дена подоцна, претседателот на клубот ми рече дека е невозможно да се случи тоа“, открива Роналдо.

„Ми рекоа дека сум слободен да преговарам со други клубови и Интер беше брз и ја плати мојата откупна клаузула. Серија А тогаш беше најдобрата лига во светот“.

По петте сезони во Интер, Роналдо одигра исто толку и во Реал Мадрид каде проблемите со повреди му беа поретки па одигра повеќе мечеви. Потоа играше една сезона за Милан, па се врати во Бразил, во тимот на Коринтијанс каде по две сезони ја заврши кариерата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×