Роналдо објасни зошто толку многу му значи рекордот кој го сруши во дресот на Португалија (ФОТО)

by
9 минути читање

Со два гола во финишот Роналдо донесе победа на Португалија над Република Ирска од 2-1. Со првиот гол на овој меч тој го помина Али Даеи и стана најдобриот стрелец во историјата за националните тимови, а со вториот гол веќе почна да ја зголемува разликата.

Роналдо вели дека ова е еден од најзначајните рекорди во неговата кариера и објасни зошто. Тој не планира наскоро да прекине да игра за националниот тим иако има 36 години. Неговиот пост на социјалните мрежи ви го пренесуваме во целост:

„Дури не можам ни да почнам да се изразам себеси во збороорви! Воодушевен сум од оваа огромна сензација! Ајде Португалија! Ајде“.

„Од сите рекорди што ги срушив во текот на мојата какриера, за среќа имаше неколку, овој е многу посебен за мене и секако е на полицата на достигнувања кои ме прават многу горд“.

„Прво, затоа што секогаш кога ќе ја претставувам мојата земја тоа е посебен момент, знаејќи дека ја бранам Португалија и му покажувам на светот од што се создадени Португалците. Второ, бидејќи натпреварувањата на националните тимови секогаш имале силно влијание на мене додека растев, гледајќи ги моите идоли кои играат за нивните знамиња секое второ лето на Европски и Светски првенства. Но последндо и пред се, бидејќи да се постигнат 111 голови за Португалија значи 111 моменти како овиие денеска во Алгарве, моменти на светска обединетост и среќа на милиони и милиони португалски граѓани низ целиот свет. За нив секоја жртва вреди“.

„Друга причина за мене да го ценам ова достигнување е бидејќи Али Даеи ги постави стандардите на толку високо ниво, што во одреден период почнав да мислам дека можеби никогаш нема да го стигнам. Честитки за „Шариарот“што ого држеше рекордот толку долго и благодарам што секогаш поажуваше толку многу почит за мене секогаш кога ќе постигнев гол и ќе дојдев се поблиску и поблиску до неговите исклучителни бројки“.

„Благодарам Португалија. Благодарност до сите мои соиграчи и противници што го направија ова патување толку незаборавно. Ајде да продолжиме да се среќаваме заедно на теренот во годините кои претстојат! Уште не ја затворам сметката…“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани