Роналдо: Никогаш не сум го гледал Меси како ривал

by
1 минути читање

Роналдо и Меси се двајцата најдобри фудбалери, играчите кои долги години се во константна форма и постојано ги делат големите награди.

Но Роналдо вели дека не го чувствува Меси како ривал, а смета дека исто е и мислењето на Аргентинецот.

„Ние сме на церемониите за награди 12-13 години и никогаш не го гледав него како ривал, тоа е наметнато од медиумите. Секогаш перфектно добро сме се согласувале, ако го прашате Лео, ќе ви го каже истото“, вели Роналдо.

Запрашан за натпреварот, Роналдо рече: „Беше речиси невозможна мисија. Клучот беше во силниот старт, за 20 минути веќе водевме 2-0 и ни беше потребен уште еден гол, верувавме дека можеме да го направиме тоа“.

„Победата ни ја зголемува самодовербата, потребна ни беше ваква победа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×