„Роналдо не трчал доволно, не покривал, не притискал… но тој дава голови кога е најпотребно!“

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо вечерва го спаси Манчестер јунајтед од нов пораз, ЦР7 прецизно биеше од
врвот на шеснаесетникот и изедначи на 2-2 во 91. минута на гостувањето кај
Аталанта во Лигата на шампионите.

И покрај тоа што
редовно ги тресе мрежите, Кристијано Роналдо често е критикуван за тоа колку
помага во одбрана и дека неговото недоволно залагање во дефанзива им создава
проблеми на „ѓаволите“.

По крајот на
натпреварот во Бергамо, во студиото на БТ имаше дебата за влијанието на
Кристијано Роналдо, а Рио Фердинанд даде свое видување: „Велат дека не трчал
доволно, дека не покривал и не се враќал назад, дека не притискал доволно… Но
тој всушеност ја врши најтешката работа во фудбалот, ја сместува топката во
мрежата. Кога е критично, тој истапува, на секој стадион, во секоја земја, на
било кое место, на најголемите моменти, тој е тука да испорача“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани