Иако не присуствуваше на погребот на својот сонародник Диого Жота и неговиот брат, Кристијано Роналдо сепак направил потег што силно одекна во јавноста и покажува колкаво срце има португалската фудбалска ѕвезда.
Критиките на сметка на капитенот на Португалија не изостанаа поради неговото отсуство од последното простување со трагично починатиот Жота, но португалските медиуми објавија дека Роналдо приватно стапил во контакт со семејството на фудбалерот и понудил безрезервна поддршка.
Имено, Роналдо им ветил на најблиските на Жота дека ќе се погрижи за целосното образование на неговите три деца, кои ги имаше со долгогодишната партнерка Руте Кардозо. Двете ќерки имаат четири и две години, а третото само седум месеци.
Покрај образованието, Роналдо им порачал дека ќе биде секогаш достапен за секаква помош што би им била потребна во иднина.
Овој хуман гест следува откако социјалните мрежи беа преплавени со критики за фудбалерот на Ал Наср, кој реши да не се појави на погребот на Жота и неговиот брат.
Да потсетиме, Диого Жота и неговиот брат трагично го загубија животот во сообраќајна несреќа во Шпанија, откако нивниот автомобил „Ламборгини“ излетал од патот.