Роналдо не е стартер против Удинезе, побарал да остане на клупата, сака да си оди од Јуве

by
0 минути читање

Роналдо е на клупата за денешниот меч меѓу Јувентус и Удинезе. Според Фабрицио Романо, Португалецот побарал да не биде стартер бидејќи се надева дека ќе си замине од клубот пред крајот на преодниот рок.

Но се уште нема официјална понуда до Јувентус за неговите услуги.

Клубови со кои се поврзува се Манчестер Сити, Реал Мадрид и ПСЖ.

Роналдо само пред неколку дена изјави дека сите шпекулации за него се лажни и тој само работи напорно за да се подготви за новата сезона. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×