Роналдо на 40 години им ги „собра“ парите на шеиците, видете како изгледа неговиот нов договор!

by riste
1 минути читање

Кристијано Роналдо ја продолжи соработката со Ал Наср, потпиша договор на едена година со можност да биде продолжен на уште една, дел од медиумите отркиваат што има во договорот.

Роналдо за да стави потпис на нов договор издејствувал неверојатни суми. Вообичаено фудбалерите како стареат така добиваат пониски договори, но тоа не е случај и со Кристијано.

Португалецот знае како да им ги собере парите на шеиците.

£178 милиони годишно, односно £3.4 милиони неделно

15% сопственост во Ал-Наср (проценето на околу £33 милиони)

£24.5 милиони бонус за потпишување – се зголемува на £38 милиони ако ја активира втората година од договорот

£80,000 бонус по постигнат гол (се зголемува за 20% во втората година)

£40,000 бонус по асистенција (се зголемува за 20% во втората година)

£8 милиони бонус ако Ал-Наср ја освои титулата во Саудиската Про Лига

£4 милиони бонус ако тој ја освои „Златната копачка“ во Саудиската Про Лига

£6.5 милиони бонус ако Ал-Наср се квалификува за Азиската Лига на Шампиони и ја освои

16 луѓе кои работат со полно работно време за него, вклучувајќи: тројца возачи, четири домашни помошнички, двајца готвачи, тројца градинари и четворица обезбедувачи

£4 милиони трошоци за приватен авион, покриени од Ал-Наср

£60 милиони вредност на спонзорски договори ветени од Ал-Наср со нови саудиски компании и компании од азискиот пазар

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×