„Роналдо ќе одработеше екстра тренинг, па ќе пливаше, па ќе се вратеше во теретана… алкохол не пиеше ниту на Божиќ“

by
1 минути читање

Добро познато е
дека Кристијано Роналдо е голем работник, а својата приказна сега ја раскажа
Димитар Бербатов, кој една година во Манчестер јунајтед ја делеше
соблекувалната со ЦР7.

„Имав среќа една
сезона да играм крај Роналдо. Тој беше 100% професионалец, на тренинзите но и
надвор од терените. Не паметам некогаш да задоцнил на тренинг. Секогаш се
подготвуваше во теретана, по тренинзите остануваше да одработи екстра, да го
вежба шутот, потоа ќе отидеше да плива, па ќе се вратеше повторно во теретана“

открива Бугаринот.

„За тоа колку
голем напредувачки дух има, можеше да се види од тренинзите, работеше напорно,
беше решен дека мора да биде подобар од сите останати. Можеше да се види на
мечевите кои ги игравме на тренинг или кога ќе промаши шанса или ако губевме,
секогаш сакаше да победува“.

„Понекогаш
тренинзите беа како војна“.

„Надвор од
теренот, Роналдо правеше шеги, се смееше на сопствена сметка и беше пријателски
насторен кон сите. Паметам на божиќната забава беше навистина забавен, еден од
момците, но не пиеше алкохол. Беше целосно фокусиран и голем професионалец“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×