100
Кристијано Роналдо вчера се израдува на трофеј со португалската репрезентација, па беше расположен да зборува и за клупската кариера.
Актуелниот договор на Роналдо со Ал Наср истече, беше нејасно кој ќе биде следен негов клуб. Но, нема да има нов клуб, Португалецот ќе остане таму каде што е.
„Мојата иднина? Ништо нема да се промени. Останувам во Ал Наср, да“, рече кратко Роналдо.
Се верува дека ќе стави потпис на двегодишен договор и ќе добие уште поголема плата од онаа која ја имаше досега.
Веројатно добил и ветување за градење на подобар тим со оглед на тоа што уште нема освоено голем трофеј со Ал Наср.