60
Роналдо третпат по ред со голови во финишот во Лигата на шампионите го спасува Манчестер јунајтед.
„Ова беше тежок натпревар, знам дека секогаш е тешко да се игра во Бергамо, но верувавме до крај и среќен сум“, вели Роналдо.
„Никогаш не се предаваме, веруваме до крај и ова е добар резултат за нас. Почетокот беше тежок, знаевме дека Аталанта ќе прави голем притисок, тие имаат фантастичен тренер, кога играв со Јувентус секогаш ни беше тешко против нив“.
„Имавме и малку среќа на крајот, но тоа е фудбалот. Треба уште да напредуваме, имаме различни фудбалери, различен систем, треба да се адаптираме еден на друг, но потребно е време. Имаме време да напредуваме и да бидеме подобри“.