Реваншот во
финалето од Копа Либертадорес кој вчера се одигра во Мадрид привлече многу фудбалски
„фаци“ на Сантијаго Бернабеу.
Лео Меси со Пике, Алба и Бускетс беше на трибините,
како и Гризман и Годин од Атлетико Мадрид, Хамес Родригез од Баерн, Икади од
Интер и уште многу други.
Иако се
најавуваше враќање и на Кристијано Роналдо, ЦР7 не се појави и покрај тоа што
половина тим на Јувентус беше на Сантијаго Бернабеу.
Дибала, Бонучи, Кјелини,
Перин, Де Шиљо и Бентанкур уживаа во фудбалското шоу и се пофалија на
социјалните мрежи.
Медиумите сега
откриваат интересен момент од пред мечот, кога Дибала и компанија беа
вратени од пред вратите на Сантијаго Бернабеу.
Причина е тоа што го погрешиле
влезот и мораа од друга страна да пристапат до ложата која им ја резервирал
токму Кристијано Роналдо.