На Челси му е понудена шанса да ги ангажира Кристијано Роналдо и Нејмар, агенти стапиле во контакт со новиот сопственик Тод Боли и го известиле дека може да реализира две трансфер бомби ова лето.
Томас Тухел сака да ангажира звучно име, но има стравување дека Португалецот и Бразилецот можат да го нарушат балансот во соблекувалната и нема да се вклопат во стилот на игра кој бара интензитет, многу трчање и пресинг.
„Сините“ во моментов се фокусираат на Рахим Стерлинг од Манчестер Сити и Рафиња од Лидс.
Се верува дека Челси е блиску до договор со „граѓаните“ за трансфер на Рахим Стерлинг вреден 45 милиони фунти, додека пак со „белите“ веќе постигнаа договор за трансфер вреден 60/65 милиони фунти, но проблем е тоа што Рафиња преферира трансфер во Барселона и ги стави „сините“ на чекање.
Извештаите исто така велат дека Тод Боли му ветил на Томас Тухел барем шест засилувања ова лето за да може Челси да им конкурира на Манчестер Сити и Ливерпул.