Роналдо и Бејл не си подале ниту еднаш на дуелот со Наполи!

by
1 минути читање

Популарното „ББЦ“
во последно време не функционира, а во пресрет на гостувањето во Неапол, во
анкетата која ја спроведе АС, дури 77% од фановите се изјаснија дека не сакаат
да го видат триото Бензема, Бејл и Роналдо во стартниот состав.

Зинедин Зидан
реши одново да им укаже доверба на своите ѕвезди, но тие имаа нова лоша
партија.

Херој на Реал
Мадрид на Сан Паоло беше Серхио Рамос, кој за пет минути постигна два гола на
почетокот од вториот дел.

Статистиката на
УЕФА покажува поразителни бројки, Бензема, Бејл и Роналдо комбинирале само 7
пати!

Роналдо ниту
еднаш не му ја подал топката на Бејл, а и Велшанецот немал додавање кон
Португалецот.

ЦР7 му додал само
еднаш на Бензема, додека пак Бејл е малку подобар и има две додавања кон Французинот.

Бензема има три
додавања кон Роналдо и едно кон Бејл.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани