Роналдо го заборави поразот од Милан со прошетка во Маранело и купување ново Ферари (ФОТО)

by
1 минути читање

Јувентус во
неделата загуби дома од Милан со 0-3 и ризикува да остане без настап во Лигата
на шампионите. Притисокот врз „старата дама“ е огромен, па Кристијано Роналдо
реши малку да се релаксира со прошетка во Маранело.

Португалецот и
претседателот на Јувентус, Андреа Ањели беа во посета на фабриката на Ферари и
специјални гости на Џон Елкан, првиот човек на Ексор, компанијата која ги поседува
Јувентус и Ферари.

Кристијано
Роналдо од прва рака дозна како се произведуваат луксузните автомобили, а
според Калчомеркато, напаѓачот ја искористил оваа прилика да си купи ново
Ферари.

На крајот од специјалната
тура, ЦР7 се сретна и со Формула 1 возачите Шарл Леклер и Карлос Саинц и заедно позираа пред болидот
на Ферари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×