Роналдо го расплака, но Евертон со убав гест го расположи младиот навивач кој беше нападнат од ЦР7

by
1 минути читање

14 годишниот Џејк Хардинг изминатиов викенд за прв пат отишол на стадион да гледа натпревар и доживеа непријатно искуство, неговиот телефон и рака настрадаа од нервозната реакција на Кристијано Роналдо, кој на патот кон соблекувалната не успеа да ги исконтролира емоциите по поразот од Евертон.

Момчето, кое има аутизам, ја одби поканата да биде гостин на Олд Трафорд и не сака да го види Кристијано Роналдо.

Евертон сепак со убав гест успеа да го расположи и колку толку да заборави на лошите спомени.

„Евертон е народен клуб и успеа навистина да го развесили. Барем нешто убаво испадна од таа лоша ситуација“ – вели неговата мајка.

„Не можеше да поверува кога му кажав што ќе направи Евертон. Ми рече, „Затоа ги сакам сините“. Ќе добие дрес потпишан од Ришарлисон и Пикфорд, и се надевам дека кога ќе се смират работите со ковид-19, ќе се сретне со играчите. Сака да се сретне со Френк Лампард, го обожава „Супер Френк“. Се надевам дека ќе ни обезбедат и билети за следниот натпревар против Лестер“.

„Не прашаа и каде сакаме да седиме. Сигурно нема да бидат столчињата каде се случи инцидентот, ќе биде некаде поблиску до домашните навивачи, каде атмосферата е позитивна. Многу ме радува тоа што сака повторно да оди на стадион“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×