Роналдо ги сели автомобилите од Торино, дали ова е знак дека заминува од Јувентус? (ВИДЕО)

by
1 минути читање

За иднината на Кристијано Роналдо има голем број гласини, често се пишува дека ЦР7 ќе го напушти Јувентус. Неодамна неговата мајка изјави дека ќе го убеди да се врати во Спортинг, но Жорж Мендеш веднаш ја отфрли оваа можност.

Дека нешто сепак се подготвува сведочи видеото кое го објави Пер Семпре Калчо. Кристијано Роналдо почнал да ја сели својата богата колекција автомобили од Торино, на видеото се гледа како автомобили се товарат во камион.

Камионот е од Родо Карго, позната транспортна компанија од Лисабон.

Тоа што автомобилите во 2018 беа преселени во Торино беше огромен знак дека Кристијано Роналдо потпишува за Јувентус. Па тоа што гаражата сега се празни, може да се протолкува како сигнал дека ЦР7 заминува.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×