Роналдо ги помина медицинските тестови, следува комплетирање на трансферот во Манчестер јунајтед

by
0 минути читање

Манчестер јунајтед претходно објави дека е постигнат договор со Јувентус за трансферот на Кристијано Роналдо, а сега се средуваат формалностите до потписот со Португалецот.

Роналдо очекувано без проблеми ги помина медицинските прегледи и наскоро ќе стави потпис на договорот.

Манчестер јунајтед и Роналдо се договорија за двегодишна соработка. Португалецот се очекува да дебитира на следниот натпревар на тимот, по репрезентативната пауза.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани