Роналдо е неизвесен за мечот со Вест Хем, потврди Рангник

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо е неизвесен за настап на утрешниот меч против Вест Хем на домашен терен
во рамките на новата рунда натпревари во Премиерлигата, за што потврда
пристигна и од тренерот на „Црвените ѓаволи“, Ралф Рангник.

Португалецот се
здобил со одредена повреда на својот врат за време на гостинската победа кај
Брентфорд со 1-3, меч на кој беше повлечен од игра во 70 минута, а реагираше
бурно на таа одлука на Рангник.

Роналдо е под
знак прашалник, тој има проблем со вратот, во текот на вчерашниот ден имаше
третман кој траеше три часа, ќе мораме да сочекаме за да го утврдиме неговиот
статус
“ рече Рангник.

Инаку германскиот
фудбалски стратег објаснуваше дека одлуката да го повлече од игра напаѓачот
најпрво била да се избегне ризик при такво водство на фаворитот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×