Јувентус славеше
во првата пресметка на гости кај Ференцварош во групите од Лигата на шампионите
со 1-4, меѓутоа првата ѕвезда на „Старата дама“, Кристијано Роналдо не успеа да
се запише во листата на стрелците на тој меч иако ги одигра сите 90 минути.
Фудбалерот од
средниот ред на Ференцварош, во пресрет на вечерашната втора пресметка помеѓу
овие две екипи во групите, Марсел Хејстер тврди дека му понудил на Роналдо да
се заменат со дресовите, меѓутоа ѕвездата на италијанскиот првак ја одбил
таквата можност, па има две причини за таквиот гест на Португалецот.
„Тој изгледаше
премногу лут, само одмавна омоловажувачки кон мене кога му го побарав дресот,
односно да се размениме со дресовите, можеби тоа се случи поради тоа што тој не
успеа да постигне гол против нас“ изјави Хејстер.
„Можеби причината
за таквиот негов гест е поврзана со ситуацијата кога му ја одземав топката во
моментите кога сакаше да дрибла во дуел со мене, постои фотографија од тој
момент, ја објавив на социјалните мрежи, тоа за мене е најубавиот момент во
фудбалската кариера, најубавото искуство во мојот живот“ додаде 28 годишниот фудбалер од средниот
ред на Ференцварош.