Роналдо: Ах да бевме професионалци како Меси и Кристијано… нас паметот ни беше во жените

by
1 минути читање

Луис Назарио да
Лима Роналдо важи за еден од најдобрите фудбалери во историјата, но повредите
го спречија долги години да игра на највисоко ниво. Популарниот „Феномен“
синоќа беше гостин во емисијата на Бобо Виери на Твич и говореше на многу теми.

Тој направи
споредба со денешната генерација на ѕвзди, вели дека тие се огромни
професионалци.

„Меси е
неверојатен, моќен и извонредно технички поткован фудбалер. Сака да постигне
гол на секој натпревар“
– вели Роналдо.

„Оваа генерација
на фудбалери е далеку подобра од нас надвор од теренот. Се хранат правилно,
спијат многу. Ние го правевме спротивното, да не зборувам за бројот на жени со
кои спиевме“.

„Ах да го имавме
менталитетот на Лео Меси и Кристијано Роналдо, замисли да бевме такви
професионалци…“

Кристијано
Роналдо и Бобо Виери делеа соблекувална во Интер, и низ медиумите има најразлични
приказни за лудиот ноќен живот на напаѓачите и забавите до раните утрински часови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани