Роналдињо се обиде да го истрола Рамос, но лошо заврши, дефанзвивецот знаеше како да врати (ФОТО)

by
1 минути читање

Серхио Рамос е во центарот на вниманието, замина од Реал Мадрид и по долго време е во потрага по нов клуб.

Роналдињо сакаше да го искористи моментот и да го истрола својот фудбалски ривал, но не му успеа баш.

Роналдињо објави фотографија од него и Рамос и напиша: „Хеј Рамос, се сеќаваш на оваа ноќ?“.

Тоа е слика од сезоната 2006-07 од Класико кое Реал Мадрид со 2-0 го доби на Бернабеу.

А Роналдо се чини дека мислел дека тоа е фотографија од претходната сезона кога Барселона со 3-0 го победи Реал Мадрид на Бернабеу, а тој постигна два гола.

Рамос му одговори: „Се сеќавам… но оваа слика неколку месеци подоцна беше далеку подобра“.

Во сезоната 2006-07, Реал Мадрид ја освои јубилејната 30та титула во шпанското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×