266
Кавани заминува од ПСЖ по крајот на сезоната, неговото име силно се поврзуваше со Интер и Атлетико Мадрид, но сега се јавува нова опција.
Францускиот сајт Le10Sport.com пишува дека Наполи стапил во контакт со „Матадорот“ за негово сенационално враќање во клубот.
Кавани за Наполи играше од 2010 до 2013 година од каде замина во ПСЖ за 64 милиони евра.
Кавани постигна 104 голови на 138 натпревари за Наполи.
Запрашан за евентуално враќање на Кавани во Наполи, неговиот агент Валтер Гуљемоне изјави: „Ќе ги слушнеме и ќе ги анализираме сите опции“.