Ромањоли во Барселона, Фирпо во Милан?

by
1 минути читање

Барселона е
заинтересирана за услугите на дефанзивецот од Милан, 26 годишниот Алесио
Ромањоли, а „Росонерите“ би можеле да го побараат Жуниор Фирпо за возврат.

Капитенот на
Милан има уште една година од својот актуелен договор со клубот, а во Италија
наведуваат дека веќе ја одбил можноста да ја продолжи соработката.

„Мундо Депортиво“
веќе извести дека Барселона е сериозна во намерата да го ангажира Ромањоли, а
весникот додава дека во Милан се подготвени на разделба со фудбалерот ова лето,
за да не останат со празни раце наредната година.

Истиот медиум
подвлекува и дека контроверзниот агент Мино Рајола е подготвен да го вклучи
Жуниор Фирпо во договорот помеѓу обата клуба, за кого  „Росонерите“ беа во преговори уште во јануари,
меѓутоа тогаш 24 годишниот фудбалер одби таква можност.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×