Пресметката во
Париз помеѓу ПСЖ и Башакшехир не го дочека својот крај синоќа, мечот беше
прекинат откако гостите обвинија дека четвртиот судија го навредил Пјер Вебо на
расна основа.
УЕФА сега ќе
спроведе детална истрага за тоа што се случуваше на „Паркот на принцовите“ а романскиот новинар Емануел Рошу пишува за пресврт во скандалот.
Тој вели дека
извори блиски до судиите му пренеле дека од снимениот разговор се слуша како
помошниот Октавијан Совре го посочува Пјер Вебо како „црн“ а не четвртиот
судија Колтеску, или пак можно е двајцата да го употребиле истиот термин.
Исто така тој
додава дека судиите уште од втората минута биле навредувани од страна на Пјер
Вебо кој го користел зборот „gypsy“ (циган)
Емануел Рошу обајви
и видео на кое се слуша како некој вели, „Во мојата земја, Романците се
цигани“.